18 јануари, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНов евтин теренец од Кина: „Вселенски брод“ за 17.500 евра (ФОТО)

Нов евтин теренец од Кина: „Вселенски брод“ за 17.500 евра (ФОТО)

Во Кина беше претставен „Geely Galaxy Starship 7“, plug-in хибриден теренец кој покрај сите други карактеристики има и одлична цена.

Станува збор за теренец со средна големина кој ги поминал сите потребни безбедносни проверки, а основната верзија чини само 13.000 евра, додека најскапиот модел е 17.500 евра.

Димензиите на овој „вселенски брод“ ако треба да се процени според неговото име се 4.740 mm x 1.9000 mm x 1.680 mm, а меѓуоскиното растојание е 2.755 mm. Во зависност од варијантата што ќе ја изберете, „Geely“ одлучи тежината да оди од 1.610 kg до 1.724 kg.

Внатре има дијагонален дисплеј од 13,8 инчи, потоа табла со инструменти од 10,2 инчи и централен контролен дисплеј од 14,6 инчи.

Веќе кажавме дека се работи за „plug-in“ хибрид, па да додадеме дека погонскиот агрегат се состои од 1,5-литарски „атмосферски мотор“ и еден електромотор. „Geely“ вели дека „Galaxy Starship 7“ има и вештачка интелигенција која управува со потрошувачката, така што може да предложи гориво или електрична енергија во зависност од условите на патот и вашите навики за возење.

Што се однесува до моќноста, бензинскиот мотор има моќност од 110 ks, додека електричниот 215 ks. Клиентите можат да избираат помеѓу две верзии на батерии LFP, 8,05 kWh и 19,09 kWh, а исто така доаѓаат со електричен опсег од 55 km и 120 km, соодветно.

Вкупниот опсег е 1.420 километри според стандардот CLTC (за кој секогаш треба да се биде малку скептичен), а „Geely“ наведува дека овој теренец троши 3,75 литри на 100 километри. Неговата максимална брзина е 180 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП