9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилното евро го загрозува закрепнувањето на ЕУ

Силното евро го загрозува закрепнувањето на ЕУ

euro1

Министерот за финансии на Италија, Фабрицио Сакомани предупреди дека силното евро би можело да го загрози економското закрепнување на ЕУ.

„Еврото во моментов е најсилната светска валута, во споредба со доларот, јенот, фунтата и швајцарските франци“, изјави Сакомани, пренесува агенцијата Франс прес.

Италија вчера ја намали прогнозата за економскиот раст за 2013 година и сега очекува пад на бруто домашниот производ (БДП) од 1,8 проценти, во однос на претходно прогнозираните 1,7 проценти.

Заводот за статистика во Рим очекува дека рецесијата, најдолгата во Италија од Втората светска војна, ќе биде завршена во четвртиот квартал со скромен раст на БДП.

Исто така се прогнозира позитивен раст од 0,7 проценти во 2014 година, благодарение на домашната и странската побарувачка, иако невработеноста ќе се зголеми на 12,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП