28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали и автомобили ќе купуваме преку интернет?

Дали и автомобили ќе купуваме преку интернет?

kola net

Купувањето преку интернет е се повеќе застапено во светот, па оттука и не чуди иницијативата на првиот човек на „General Motors“ на купувачите на автомобили да им понудат и таква услуга.

Извршниот директор на „General Motors“, Дан Акерсон, вели дека неговата компанија, покрај конвенционалниот начин на купување, треба да им овозможи на клиентите набавка на автомобили и преку интернет.

„Оваа идеа не е за да се потисне трговијата со класичните дилери на автомобили, туку сакаме на општеството кое е на висок степен на техолошки развој и култура, да му понудиме и одговарачка услуга“, вели Акерсон.

Тој објаснува дека на тој начин компанијата ќе се насочи пред се кон популацијата помлада од 30 години, на кои моделот за купување преку интернет им е секојдневна и вообичаена активност.

„Тоа се луѓе кои денеска, пред купувањето на автомобил во салонот, детално се информирани за сите карактеристики и цената на посакуваниот модел, а тоа го имаат направаено токму преку интернет“, додава Акерсон.

Системот за продажба на автомобили преку интернет би се надоврзал со денешните конфигуратори кои веќе им овозможуваат на купувачите да одберат и до детал да го конфигураат посакуваниот автомобил.

Дека значително се менуваат навиваките на потрошувачите во последните години покажува и податокот на американската Асоцијација на продавачи на автомобили. Додека купувачот на нов автомобил пред десет години во просек го посетувал продажното место 4-5 пати, пред да се одлучи да го купи возилото, денеска благодарејќи на се поголемото користење на интернетот, тој просек изнесува само 1-2 пати пред конечната одлука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП