20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри илјади банкарски службеници во Грција ќе ја напуштат работата до крајот...

Три илјади банкарски службеници во Грција ќе ја напуштат работата до крајот на годината

greekbank

Три илјади банкарски службеници од четирите водечки банки во Грција – „Еуробанк“, „Националната банка на Грција“ (НБГ), „Пиреус“ и „Алфа Банк“, се очекува да ја напуштат работата до крајот на годината или најдоцна во првите три месеци од 2014 година.

Персоналот на банките ќе биде редуциран според програмите за доброволно напуштање на работните места. Кастрењата може да принудат повеќе службеници да ја напуштат работата, за да ги искористат поволните услови за пензионирање што се нудат.

Проблематичните грчки банки за докаптитализација досега потрошија повеќе од 50 милијарди евра, но ЕУ ги притиска на дополните намалување на оперативните трошоци.

ЕУ, заедно со ММФ и Европската централна банка, побараа банките да ги скратат трошоците со намалување на својот персонал преку доброволни отпуштања, а ако тоа не е можно, да бидат спроводени големи намалувања на платите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП