Силен земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала го погоди во четвртокот северниот брег на Калифорнија, соопшти Американскиот геолошки институт, објавувајќи истовремено предупредување за цунами.
Земјотресот се случил околу 18:44 часот по локално време, на длабочина од 10 километри, во близина на малиот град Еурека, соопшти USGS.

