Рускиот производител на автомобили наскоро ќе започне со производство на нов теренец, а неговото име е „Москвич 8“.
Овој автомобил, да бидеме фер, главно е руска варијанта на кинескиот модел „JAC Sehol X8 Plus“, кој се продава во Кина веќе две години.

Новиот Москвич има димензии од 4.825 mm x 1.870 mm x 1.758 mm, со меѓуоскино растојание од 2.830 mm. Би требало да биде придвижуван од 1,5-литарски бензински мотор со 184 ks, поврзан со седумстепен менувач.

Што се однесува до внатрешноста, бројот на копчиња е сведен на минимум. Има дигитална инструмент табла со дијагонала на екранот од 12,3 инчи, потоа можност за безжично полнење на телефонот, како и систем за камера од 360 степени.

Во кинеската варијанта, „JAC“ на кој се базира „Mосквич 8“ има адаптивна контрола на патувањето, аудио систем со 12 звучници, систем кој ве држи во лента и функција за помош при сопирање.

Официјални цени сѐ уште нема, но тие би требало да бидат некаде во опсег од 28.000 до 33.000 евра.