6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКога купува најбогатиот Чех...

Кога купува најбогатиот Чех…

telefonica1

Финансиската групација „PPF“ на најбогатиот Чех, Петр Келнер од шпанската компанија „Telefonica“ го купува мнозинскиот удел во најголемиот чешки оператор „Telefonica O2“.

Келнер „Telefonica O2“ ја купува за 2,5 милијарди евра, договорот би требало да биде готов наскоро, пишува чешката новинска агенција ЦТК.

Агенцијата, како и британскиот весник „FT“, тврдат дека договорот за купување на 69 проценти од акциите на „Telefonica O2“ веќе е подготвен за потпишување, а се очекува дека „PPF“ подоцна ќе понуди да ги откупи и преостанатите 31 проценти од акциите за милијарда евра.

Најсилниот чешки телефонски оператор е понуден на продажба поради високата задолженост на самата „Telefonica“ која е најголемиот телекомуникациски оператор во Европа, но беше силно погодена од должничката криза во еврозоната.

За тоа дека чешката компанија ќерка, како и словачката ќе бидат понудени на продажба се зборува во финансиските кругови веќе два месеци. „PPF“ според проценките на британскиот финансиски весник има актива во вредност од 22 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП