3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците: Не сме повеќе број еден

Американците: Не сме повеќе број еден

amerikancite1

Речиси една третина од Американците сметаат дека Кина ги престигнала Соединетите Американски Држави како водечка економска сила во светот, пренесува магазинот „Тајм“.

Соединетите Американски Држави се најважна светска економија уште од 1871 година, но најновите истражувања покажуваат дека повеќе од половина граѓани на САД веруваат дека на нивната земја и се одбројани деновите на „престолот на светската економија“.

Анкетата која ја спроведе финансискиот портал „The Street“, покажува дека 43 проценти од Американците очекуваат дека САД ќе остане водечка светска економска сила уште пет до седум години, а речиси една третина оценува дека Кина веќе го преземала тронот.

Меѓутоа нивните оценки не се во согласност со официјалната статистика која покажува дека САД има речиси двојно поголем БДП од Кина.

„Тоа што анкетата всушност го покажува е тоа дека годините на забавениот економски раст можат да го променат доживувањето на економската ситуација во една земја“, оценува магазинот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП