12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина повторно преговара со ММФ

Украина повторно преговара со ММФ

ukraina1

Украина ќе ги продолжи преговорите со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во врска со обновувањето на програмата за финансирање, тврди извор од владата во Киев.

Висок официјален претставник на Украина изјави дека за завршувањето на преговорите со ММФ е премногу рано да се зборува.

-Работата на мерките за намалување на економските ризици и намалувањето на фискалниот дисбаланс се продолжува. Сложеноста на таа работа лежи во фактот дека е неопходно, не само да се развијат ефективни инструменти, туку и  да се аргументираат соодветните предлози на начин кој би бил прифатлив за ММФ, објасни претставниот.

Мисијата на ММФ во октомври порача дека украинската влада, меѓу другото, треба да превземе мерки за консолидација на фискалната ситуација, да ги зголеми домашните тарифи за енергија и флексибилноста на девизниот курс.

Последниот пакет договорен во јули 2010 година со ММФ предвиде доделување на 10 милијарди евра, но земјата зема само две транши од 2,25 милијарди евра.

Откако во декември 2012 година оваа програма истече, Украина сега  води нови преговори со ММФ за нов договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП