23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКосовскиот буџет за наредната година околу 1,6 милијарди евра

Косовскиот буџет за наредната година околу 1,6 милијарди евра

ko

Проектираниот буџетот на Косово за наредната година ќе тежи милијарда и 590 милиони евра.

Проект буџетот Владата го донела во петокот и тој според министерот за финансии Бесим Беќај овозможува реализација на предвидени капитални проекти, како и зголемување на платите за наредната година.

– Предлог буџетот е подготвен во целосна согласност со ММФ. Очекувама економијата да има позитивен раст и во наредните три години просечниот раст да биде највисок во регионот со 4,6 отсто. Вкупниот извоз да има раст од седум отсто додека извозот на стоки десет отсто.

Движењето на цените, во голема мера ќе зависи од движењето на глобалните цени, изјавил Беќај за косовските медиуми.

Според него овој буџет предвидува владини реформи во здравството, образованието, земјоделството и други области.

Со него се предвидува и зголемување на буџетите за општините. Предвидениот буџет за наредната година е прокетиран на исто ниво како и за оваа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП