ПочетнаЕКОНОМИЈАПанел дискусија за влијанието на ГМО врз младите

Панел дискусија за влијанието на ГМО врз младите

gmo

Панел дискусијата за влијанието на генетски модифицираната храна (ГМО) врз младите“ ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на проектот „Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за
одговорност и одржливост”, поддржан од ЕУ програмата – Европа за граѓаните.

На панел дискусијата ќе се говори за основните поими за генетска модификација (ГМО), за легислативата во Европската Унија и Македонија поврзана со ГМО, како и за контролата на ГМО и ризиците од ГМО врз храната.

Меѓу другите учесници на панел дискусијата се и доктор Слаѓана Велков и професор доктор Зоран Поповски раководител на Катедрата за биохемија и генетско инжинерство при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП