27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan најавува ново купе за во Токио

Nissan најавува ново купе за во Токио

Nissan-Z35-side

„Nissan“ подготвува ривал на „Toyotа GT86“/„Subaru BRZ“ успешни купе модели со погон на задните тркала, а неговата премиера, поточно во концептна форма, ќе биде прикажана на претстојниот саем во Токио.

Засега моделот го носи кодното име „Z35“, а најверојатно ќе има идентичен агрегат со моделот „370Z“, односно 3.7 литарски V6 мотор, но нешто послаб. Да потсетиме „370Z“ располага со 330 „коња“.

Исто така, „Z35“ најверојатно ќе биде достапен и со потполно новиот 2.5 литарски четирцилиндарски мотор со директно вбризгување и турбо полнење, а кој би има повеќе моќ од V6 единицата. „Nissan“ еден таков агрегат веќе има во понудата и тоа во моделот „Pathfinder Hybrid SUV“ кој развива 250кѕ. Во „Z35“ од агрегатот ќе биде извлечено повеќе снага, за подоцна „Nismo“ да го земе моделот под свое и да претстави најмоќната верзија на моделот.

Енди Палмер, потпретседател на „Nissan“, не изнесе многу информации поврзани со моделот „Z35“, но затоа ги „закачи“ неговите конкуренти, нарекувајќи ги нивните автомобили за „кризни средни години“, односно дизајнирани за 50-годишни возачи.

„Дали навистина имаме конкуренти? Дали мислите на „Subaru“? Тоа е автомобил дизајниран за 50-годишни. Тоа не е она што ние го подготвуваме. Доколку дојдете на саемот во Токио, ќе го видите нашиот одговор“, изјави Палмер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП