6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија: Банките ги намалија кредитните пласмани за речиси една третина

Словенија: Банките ги намалија кредитните пласмани за речиси една третина

bankaslovenija2

На словенечките компании, банките во првата половина од оваа година им одобриле кредити во вкупен износ од 3,1 милијарди евра, што е речиси за една третина помалку во однос на истиот период минатата година, иако барањето за кредити било за 17 проценти помало, покажаа резултатите од истражувањето на словенечката централна банка.

Банките одобриле 58,3 проценти од молбите за инвестициски кредити и 30,6 проценти од молбите за кредитирање на редовното работење, како и 7,4 проценти од молбите за кредити за реструктуирање на работењето.

Притоа, банките во странска сопственост, кои работат во Словенија, одбиле 50,7 проценти од молбите за кредитирање.

Банките во домашна сопственост им одобриле на компаниите нови кредити во висина од 262 милиони евра, силно намалувајќи го својот кредитен пласман во однос на првата половина од минатата година, кога одобрија 417 милиони евра кредити, покажуваат резултатите од истражувањето на словенечката централна банка.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП