28 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовата одлука за Windows ги налути гејмерите ширум светот: Засега нема ажурирања!

Новата одлука за Windows ги налути гејмерите ширум светот: Засега нема ажурирања!

Microsoft престана да ја издава контроверзната надградба на Windows 11 24H2 за компјутери со инсталирани игри на Ubisoft, а двете компании работат заедно за да го решат проблемот.

Откако корисниците на Windows 11, откако го инсталираа ажурирањето од октомври 24H2, почнаа да пријавуваат дека некои видео игри „паѓаат“ по нивното стартување, Microsoft го потврди постоењето на проблемот.

Игрите на компјутерите со инсталирано спорно ажурирање престануваат да реагираат на команди или прикажуваат црн екран на мониторите кога ќе се стартуваат.

Проблемот главно се јавува со изданијата на Ubisoft и е забележан со следните наслови: Assassin’s Creed Valhalla, Assassin’s Creed Origins, Assassin’s Creed Odyssey, Star Wars Outlaws и Avatar: Frontiers of Pandora.

Microsoft престана да ја издава контроверзната надградба на Windows 11 за компјутери со игрите за кои станува збор, а двете компании сега работат заедно за да го решат проблемот.

Ubisoft, во меѓувреме, објави привремена поправка само за играта Star Wars Outlaws, но предупреди дека не гарантира дека сè уште нема да има никакви проблеми.

Во објава на блогот за поддршка на клиентите на компанијата, Microsoft потврди дека на компјутерите со инсталирани некои од наведените игри нема да им биде понудена опцијата да го инсталираат ажурирањето 24H2 додека не се реши проблемот.

Исто така, на корисниците им се советува да не се обидуваат „рачно“ да го ажурираат својот оперативен систем со помош на асистент за инсталација на Windows 11 додека тоа не се случи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП