4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена стапката на невработеност во Австрија

Зголемена стапката на невработеност во Австрија

avstrija2

Во Австрија стапката на невработеност во октомври е зголемена на 7,4 проценти од активната популација, покажаа официјалните податоци кои ги објави Министерството за труд на оваа земја.

Во Австрија во септември стапката на невработеност изнесувала 6,9 проценти.

„Не треба да очекуваме дека стапката на неврaботеност ќе се намали во наредните месеци без поддршка од меѓународната економија“, нагласи министерот за труд и социјала Рудолф Хундшторфер.

Во Австрија која зависи од извозот, работа бараат 280,336 лица, односно 361,056 вклучувајќи ги и приправниците.

Според податоците на европскиот Институт за статистика, стапката на невработеност во Австрија, сепак, е најниската во ЕУ и во септември таа изнесуваше 4,9 проценти.

Разликата во податоците на Еуростат и австриското Министерство за труд е во начинот на кој се пресметуваат податоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП