28 март, 2025
ПочетнаАВТОБИЗДебитираше „Hyundai Ioniq 9“, најголемиот електричен „SUV“ на брендот (ФОТО/ВИДЕО)

Дебитираше „Hyundai Ioniq 9“, најголемиот електричен „SUV“ на брендот (ФОТО/ВИДЕО)

„Hyundai Ioniq 9“, најголемиот електричен автомобил на корејската марка, дебитираше на саемот за автомобили во Лос Анџелес.

Овој автомобил официјално им се придружува на „Ioniq 5“ и „Ioniq 6“ како дел од целосно електричниот погон на корејската марка, а се базира на концептот „Hyundai SEVEN“ кој првпат беше прикажан пред три години.

Тоа е и најголемиот „SUV“ на „Hyundai“ со батерија, а производителот сакаше да биде достапен. Се нуди во 16 бои, а од дизајнот знаеме и дека неговото предно осветлување ќе биде слично на она на другите возила на „Hyundai“, односно слично „пикселирано“.

Возилото за кое станува збор е за околу 40 cm подолго од неговиот претходник, но доволно моќно да понуди автономија со погон на задните тркала од 540 километри благодарение на големата батерија од 110 kWh. „Ioniq 9“ доаѓа на истата „E-GMP“ платформа како и другите електрични автомобили на „Hyundai“.

Во внатрешноста има инфозабавен систем со заоблен „панорамски“ екран со дијагонала од 12 инчи, кој е комбиниран со дигитален екран на таблата со инструменти со истата дијагонала, кој дава футуристички изглед на внатрешноста. Исто така, има и асистент на возачот со вештачка интелигенција.

Да заклучиме, кога е внатрешноста во прашање, со информацијата дека се работи за теренец со три реда седишта, што доволно говори за неговата пространост.

Сè уште не е познато кога „Hyundai Ioniq 9“ ќе пристигне во Европа, но се појавија информации дека ќе биде достапен на јужнокорејскиот и американскиот пазар во првата половина на 2025-та година. А веројатно на Стариот континент ќе пристигне во 2026-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП