5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАTоп пет најбогати уметници денес

Tоп пет најбогати уметници денес

slikaari

Многу од најпознатите уметници во светот биле ценети, дури по нивната смрт , а додека биле живи едвај врзувале крај со крај. И денес да си уметник честопати е повеќе од хоби, отколку нешто што ќе ти носи стабилни приходи. Сепак секогаш има и високоплатени уметници.

Видете ги топ 5 на најбогатите луѓе денес, кои се занимаваат со уметност:

Демијан Хирст – 350 милиони долари.

slikar1

Британецот е познат по својот провокативен стил, како тоа дека на пример користи мртви животни во формалдехид (формалин). Тој е единствениот жив автор, кој има продадено цела колекција одеднаш на аукција на „Sotheby’s“ во 2008-та година. Негово дело „For the Love of God“ кое претставува череп со скапоцени камења се проценува на 100 милиони долари. Досега Хирст има акумулирано 350 милиони долари.

Каспер Џонс – 210 милиони долари.

slikar 2

Тој е американски уметник и скулптор , фан на апстрактната уметност. Неговата слика „False Start“ беше продадена за 80 милиони долари во 2006-та година.

Ендрју Викари – 210 милиони долари.

slikar3

Живее во Франција и е специјализиран за портрети на богати луѓе. Неговите слики се продаваат за суми од 6 до 20 милиони долари.

Џеф Кунс – 100 милиони долари.

slikar nova

Тој живее во Њујорк. Кунс не е познат толку по сликарство, колку по фигурите кои ги прави ​​на предмети и животни од балони.

Дејвид Чоу – 100 милиони долари.

slikar5

Овој уметник станува популарен откако Марк Цукреберг го вработува за да црта по ѕидовите на канцеларијата на „Facebook“. По завршувањето на работата тој избира да му ги платат 60.000 долари, но не во кеш, туку во акции на „Facebook“. По „IPO“ -то на компанијата од 2012-та година тоа му донесе голем профит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП