4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАуди ја освојува Велика Британија

Ауди ја освојува Велика Британија

gb audi

Ауди се искачи на четвртото место на најпродавани автомобилски марки на високо конкурентскиот британски пазар. Германскиот производител во Велика Британија продаде најмногу возила од сите премиум производители во 2013-та година.

Досега веќе дознавме дека производителите на премиум автомобили добро се снаоѓаат во криза. Мерцедес и БМВ веќе објавија дека септември им е рекорден месец во историјата според продажбата, а одлични резлутати забележи и третиот германски производител на луксузни автомобили, Ауди.

Иако до крајот на 2013-та година остана уште само два месеци, Ауди веќе го изедначи продажниот резултат на целата 2012-та година, кога на купувачите на британскиот пазар им беа испорачани 123.000 автомобили. Во оваа компанија проценуваат дека во Велика Британија до крајот на годината ќе продадат околу 145.000 возила. За успехот најдобро говори и податокот дека Ауди го зазема првото место во конкуренција со останатите производители на луксузни автомобили со удел од 6.4 проценти на британскиот пазар. Пред нив се најдоа само Форд, островскиот еквивалент на Опел-Вауксхал и Фолксваген.

gb audi1

Ауди до четвртото место стигна и покрај тоа што нема ниту еден модел меѓу првите десет најпродавани автомобили во Британија. Тоа говори во прилог на нивната стратегија на постојано зголемување на бројот на модели и нивната разновидност. Бројот на моделите на Ауди кои се во понудата во Велика Британија скоро за трипати е зголемен од 2001-та година.

„Нашата предност е тоа што независиме од некои одредени модели, затоа што нивната продажба рамномерно е распоредена“, ја откриваат во Ауди тајната на својот успех во 2013-та година.

Статистички гледно, 30 проценти од сите автомобили на Ауди кои се испорачани на купувачите на Островот се модели со погон на сите четири тркала, а интересно е тоа дека во текот на 2013-та година се продадени преку 1.100 возила со високиперформанси кои ја имаат ознаката „RS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП