3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ HSBC е под истрага

И HSBC е под истрага

Fea0007571_19.JPG

Глобалниот банкарски гигант „HSBC“ е уште една од големите светски банки кои се под истрага поради сомневање дека учествувале во манипулирањето со девизните курсеви.

Најголемата европска банка ги соопшти овие вести заедно со извештајот за нето профитот, кој во третиот квартал се зголемил за 28 проценти на 3,2 милијарди долари, пренесува агенцијата Франс прес.

„HSBC“ наведува дека британската Управа за контрола и надзор на финансискиот сектор и властите на другите земји спроведуваат истрага врз низа банки во врска со работењето на девизниот пазар, банката додава дека соработува со властите во врска со истрагата.

Покрај „HSBC“, британските банки „Barclays“ и „RBS“, како и германската „Deutsche Bank“, швајцарската „UBS“ и американските „Citigroup“ и „JP Morgan“, потврдија дека се предмет на истрага.

Банкарскиот сектор веќе е потресен од скандалот околу местењето на Лондонската меѓубанкарска стапка, која служи за одредување на цената на кредитите во целиот свет, банките поради учеството во тој скандал беа казнети со повеќе од 3,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП