4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономски раст во Италија дури во 2014 година

Економски раст во Италија дури во 2014 година

italy3

Италија ќе забележи позитивен економски раст дури наредната година и тоа скромни 0,7 проценти, оцени Заводот за статистика од Рим, Истат.

Оваа година економскиот раст на Италија ќе биде намален за 1,8 проценти, а до скромниот позитивен раст ќе дојде дури во 2014 година, пренесува агенцијата АФП.

Италијанската економија во 2012 година забележа пад од 2,5 проценти.

Без оглед на тоа што наредната година ќе дојде до раст на бруто домашниот производ (БДП), според прогнозата на Истат, невработеноста ќе се зголеми од 12,1 проценти оваа година на 12,4 проценти.

Италијанската банка за оваа година предвиде БДП од 1,9 проценти, а италијанската влада за наредната година предвиде раст на БДП од 1,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП