19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Citroen“ подготвува нов „C4“, а овој автомобил е инспирација за неговиот дизајн...

„Citroen“ подготвува нов „C4“, а овој автомобил е инспирација за неговиот дизајн (ФОТО)

Концептот „Oli“ од 2022-ра година веќе го инспирираше дизајнот на моделите „Citroen C3“, „C3 Aircross“, „C4“ и „C4 X“.

Концептот „Citroen Oli“ од 2022-ра година најави нова дизајнерска насока за брендот, но се покажа дека тоа не бил само дизајнерски експеримент.

Следната генерација на „Citroen C4“, која веќе е во развој, наводно ќе изгледа слично на овој необичен концепт, со некои мали прилагодувања.

Актуелниот „Citroen C4“ првпат беше претставен во јуни 2020-та година, а во октомври 2024-та година беше подложен на рестајлирање, вклучително и подолга верзија на каросеријата „C4 X“.

Според францускиот медиум „L’Argus“, концептот „Citroen Oli“ е добар кандидат за еволуција во следниот „C4“, благодарение на неговиот „кубен“ SUV облик и разиграните елементи што го прават доволно уникатен за да се издвојува од толпата.

Концептот веќе послужи како инспирација за дизајнот на „C3“, „C3 Aircross“, рестилизираните верзии на „C4“ и „C4 X“, како и на претстојниот сериски „C5 Aircross“.

Сепак, се очекува дека новиот „C4“ ќе биде многу поблиску до концептот во однос на димензиите и пропорциите, а дури 70% од дизајнот на концептот најверојатно ќе биде задржан во сериската верзија.

Новиот модел најверојатно ќе се базира на механичката платформа „Smart Car“, која веќе ја формира основата за „Citroen C3“ и „C3 Aircross“, „Fiat Grande Panda“ и „Opel Frontera“.

Ова ќе му овозможи на „Citroen“ да понуди избор помеѓу електрични и SUS погонски единици, по линијата на сегашниот модел со користење на CMP/e-CMP платформата.

Таквиот пристап би резултирал и со конкурентни цени, што потенцијално ќе го направи овој модел еден од најевтините во сегментот.

Според „L’Argus“, концептот „Citroen Oli“ првично бил наменет како основа за сериски модел кој би се произведувал во Словачка заедно со дериват на „Peugeot“.

Плановите беа замрзнати во 2021-ва година, но проектот беше обновен во 2023-та година за да се позиционира „Citroen“ како бренд ориентиран кон буџетот.

Најновите информации сугерираат дека новиот „Citroen C4“ би можел да пристигне во 2027-ма година, што изгледа многу далеку со оглед на тоа дека првите фејслифтирани „C4“ ќе пристигнат кај дилерите на почетокот на 2025-та година.

Француските медиуми шпекулираат дека „Stellantis“ би можел да ги намали трошоците со производство на „Citroen C4“ во Мароко, заедно со оживеаниот „Fiat Multipla“.

Фабриката во Мароко моментално ги произведува моделите „Citroen Ami“, „Opel Rocks Electric“ и „Fiat Topolino“, со капацитет од 200.000 единици годишно.

Сепак, благодарение на неодамнешните инвестиции, капацитетот е зголемен за фабриката да може да произведува возила базирани на платформата „Smart Car“, што на крајот ќе го зголеми производниот капацитет на 450.000 единици годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП