4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФамилијата Версаче продава до 30% од истоимената модна куќа

Фамилијата Версаче продава до 30% од истоимената модна куќа

VERSACE

Фамилијата Версаче е се поблиску до продажба на дел во истоимената модна куќа, откако поканиле инвеститори кои ќе треба да упатат конкурентни понуди до крајот на овој месец.

Меѓу кандидатите-купувачи за 20-30 проценти од „Versace“ се поранешниот сопственик на „Gucci Investcorp“ кој е бахреински инвестициски фонд, како и „Blackstone“ и лондонската компанија „Permira“ која го поседува „Hugo Boss“, а минатата година го продаде „Valentino“. Кандидати за учество во модната куќа се уште и италијанскиот фонд „FSI“ и париската компанија „Ardian“.

На крајот од месецот заинтересираните страни се замолени да упатат индикативни понуди и да ги изложат своите визии за тоа како го гледаат управувањето на модната куќа заедно со фамилијата, која ја основаше. Кандидатите ќе се состанат со раководството на компанијата, пред да ги поднесат новите понуди на 25-ти ноември.

Понудите за една од последните независни италијански модни куќи се очекува да надминат 850 милиони евра.

Од „Versace“ во април месец ги најмија „Goldman Sachs“ и „Intesa Sanpaolo“ за да бараат нови акционери кои ќе инјектираат капитал во компанијата се со цел да го финансираат обидот за проширување на активностите во Азија и Латинска Америка.

Фамилијата сака да собере околу 150 милиони евра за да го финансира проширувањето на активностите , а исто така размислуваат да продадат дел од акциите за меѓу 50 и 150 милиони евра.

Тие сакаат да ја направат компанијата да биде јавна во следните три години.

Вкупните приходи на „Versace“ изнесуваат 408.7 милиони евра за минатата година, истакнувајќи зголемување за 20 проценти во споредба со претходната година, додека продажбата на глобално ниво се зголемила за речиси две петтини или до 224.5 милиони евра, откако се дуплирани во Северна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП