27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair ја намали прогнозата за профитот

Ryanair ја намали прогнозата за профитот

ryanair1

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Ryanair“ денес ја намали прогнозата за годишниот профит, втор пат од септември, наведувајќи ги како причина ниските цени на билетите.

Компанијата очекува дека профитот оваа година ќе биде помал од 520 милиони евра, во однос на прогнозата од пред два месеци во која се очекуваше профит од 590 до 600 милиони евра, пренесува агенцијата Франс прес.

„Сега очекуваме годишна заработка од 500 до 520 милиони евра, поради падот на цената на билетите“, наведува „Ryanair“, чија фискална година трае до крајот на март.

Компанијата додава дека во првата половина од оваа фискална година, односно заклучно со септември, остварила раст на нето профитот од еден процент на 602 милиони евра, со раст на бројот на патници за два проценти на 49 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП