ЗДРАВЈЕ

Сирупот против кашлица кој можете да го направите сами, со состојки кои веќе ги имате во вашата кујна

Доколку имате проблеми со упорната кашлица, погледнете во вашата остава и подгответе многу едноставен домашен лек кој ќе ви помогне да се ослободите од овој здравствен проблем. Тоа е сируп од ловоров лист.

Тој е природен лек за смирување на иритираното грло, има антиинфламаторно и антисептично дејство, а исто така го чисти респираторниот тракт и го зајакнува нашиот имунитет.

Ловоров сируп

Ловоровиот лист често се користи во кујната како додаток на јадењата бидејќи им дава посебна арома, а етеричното масло од ловор е одлично за вдишување и дезинфекција на просториите, особено за време на сезоната на грип.

Проверете како да направите ловоров сируп подолу.

Состојки за ловоров сируп:
6 суви ловорови листови
1 лимон
3 големи лажици мед

3 dl вода

Подготовка на ловоров сируп:

Во сад се вари водата. Додадете ловорови листови во топла вода и варете пет минути. Покријте го садот.

По пет минути извадете ги листовите од водата. Оставете малку да се излади и додадете мед и сок од еден лимон. Кога сирупот целосно ќе се излади, истурете го во тегла.

Забелешка: Земете мала лажица три пати на ден, особено при тешки напади на кашлање.