3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Германија пронајдено нацистичко тајно богатство вредно милијарда евра

Во Германија пронајдено нацистичко тајно богатство вредно милијарда евра

gold

Пoвеќе oд 1.500 уметнички дела за кои се смета дека нацистите ги украле во 30-те и 40-те години од минатиот век, се пронајдени во Минхен, пишува германскиот весник „Фокус“.

Станува збор за дела на некои од најдобрите светски уметници како Матис, Пикасо и Шагал, а нивната вредност се проценува на неверојатни милијарда евра.

Уметничките дела биле организирано украдени или за мал паричен надомест присилно откупени од Евреи кои се занимавале со колекционерство.

До ова откритие е дојдено сосема случајно, и тоа кога на почетокот на 2011 година била спроведена истрага против Корнелиус Гурлит, син на еден трговец со уметнички дела кој нередовно плаќал данок, па истражните органи обиле налог за претрес на неговата куќа.

Гурлит делата ги криел во една затемнета просторија, а кога ќе му затребале пари продавал некои од нив.

Доколку се покаже дека навистина станува збор за нацистичко богатство, тоа ќе биде досега најголемото откритие на украдени уметнички дела во светот. с

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП