3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако да го спречите гадењето и повраќањето при возење

Како да го спречите гадењето и повраќањето при возење

car-sickness

Чувствувате мачнини, имате вртоглавица, ви паѓа притисокот, се потите и повраќате додека патувате? Причината за тоа е болеста од движење. Тоа се непријатните симптоми кои се јавуваат кај некои луѓе при возењето со брод, авион, воз, автомобил, но ова не е сериозна болест.

Стручното име за болеста од движење е кинетоза. Оваа болест не се јавува кај сите луѓе, туку само кај некои личности. Таа немора да значи дека ќе се јави и кај сите видови на возења. На некому му пречи при возењето со автомобил, на други со автобус, кај трети додека се возат со воз, четврти со брод и така натаму.

Различни истражувања утврдија дека мажите се повеќе склони кон повраќање, отколку жените (20-30 проценти повеќе). Мачнината е честа при возењето со високи автомобили (теренци), отколку кај лимузините. Проблемите се двојно изразени на задните, отколку на предните седишта, а со зголемувањето на температурата во кабината растат ризиците од повраќање.

Интересен е фактот дека возачите се целосно имуни на овие проблеми. Често се случува лицето кое зад управувачот нема никакви проблеми, да почне да повраќа на сувозачкото место. Причината за тоа е различниот начин на примањето на информациите на одредени сетила.

За да ги избегнете овие непријатности или барем да ги намалите, треба да се држите до овие правила:

Пред тргнување, автомобилот треба да се чува под сенка.

При возњето, предните прозори треба малку да ги отворите (ако немате клима уред).

Силната миризба може да предизвика мачнина и повраќање, немој да користите силни парфеми.

Возачот треба да вози полека и мирно, без нагли вртења, сопирања или забрзувања.

Немојте да тргнувате на пат со полн стомак, а пред пат избегнувајте тешка храна.

Седнете напред.

Доколку е можно, поминете го патувањето спиејќи или патувајте навечер.

Држете ја главата исправено.

Немојте да читате, ниту да зборите без потреба и не гледајте на страна.

Немојте да пушите во возилото.

Размислувајте за убавината од патувањето.

Често правете паузи.

Доколку ниту еден од овие совети не ви помага, а чувствувате мачнина во текот на целото патување, земете таблети против мачнина. Тие треба да ви ги препорача вашиот лекар. Многу е важно да се почитуваат правилата за земањето на лекот, поточно половина час пред тргнувањето на пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП