4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Berkshire Hathaway пораcна за 29 проценти

Профитот на Berkshire Hathaway пораcна за 29 проценти

dbpix-buffett-berkshire-tmagArticle

Компанијата на милијардерот Ворен Бафет, „Berkshire Hathaway“ објави дека нејзиниот тримесечен профит е зголемен за 29 проценти до 5.05 милијарди долари.

Ова претставува 3.074 долари заработка по акција од класа А, во однос на 3.92 милијарди долари или 2.373 по акција за една година порано. Приходите на компанијата за третиот квартал беа со пораст од 13 проценти или до 46.54 милијарди долари.

По објавувањето на резултатите акциите Класа А пораснаа за 0.1 процент или до 173.122 долари, со што веќе забележаа раст од 29 проценти од почетокот на 2013-та година. За споредба „Standard & Poor’s 500“ предвидоа раст од 24 отсто од почетокот на годината.

Кешот на компанијата на крајот на претходниот квартал достигна 42 милијарди долари, што е за 22 милијарди долари повеќе од желбата на Бафет да држи минимум 20 милијарди долари слободни парични средства. Рекордни 49.1 милијарди долари компанијата држеше на крајот на март 2013-та година или малку пред зделката за купување на „Heinz“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП