6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Тројката“ кредитори доаѓа на нови преговори во Атина

„Тројката“ кредитори доаѓа на нови преговори во Атина

grcija

Грчката коалициска Влада ќе се обиде да ги убеди меѓународните кредитори на земјата дека не се потребни дополнителни мерки за заштеда на околу 2,5 милијарди евра, како што бараат претставниците на „тројката“ од ЕУ, ЕЦБ и ММФ, кои денеска се доаѓаат во Атина за да ја договорат исплатата на следната транша од помошта за Грција.
Како што јавија грќките медиуми, аналитичарите сметаат дека Атина не исполнила две од четирите барања на кредиторите, врз основа на кои земјата треба да ја добие траншата од една милијарда евра.
Станува збор за барањата на „тројката“ поврзани со реструктуирањето на двете компании за оружје ЕАС и ЕЛВО, и металургиската индустрија ЛАРКО, како и за вклучување на 12.500 државни службениц во т.н. „распоред за мобилност“ .
Главната опозициска партија СИРИЗА изрази загриженост дека и овојпат Кабинетот на премиерот Андонис Самарас ќе отстапи пред притисокот на кредиторите и ќе ги прифати нивните барања за дополнителни мерки за штедење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП