19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален профитот на Embraer

Намален профитот на Embraer

embraer1

Водечкиот бразилски производител на авиони „Embraer“ во третиот квартал забележа пад на профитот од 19 проценти, поради испораката на помалку профитабилни модели на авиони.

Нето профитот на компанијата се намали на 52,9 од 65 милиони долари од минатиот квартал, пренесува агенцијата Франс прес.

„Embraer“ во третиот квартал испорача 19 комерцијални и 25 деловни авиони, а во првите девет месеци од 2013 година испорачани се вкупно 58 комерцијални и 66 деловни авиони, во однос на 83 комерцијални и 46 деловни модели од истиот период минатата година.

Приходите во третиот квартал се намалени за 8,1 проценти на годишно ниво, на 1,28 милијарди долари, што компанијата го препиша на помалиот број испорачани комерцијални авиони во однос на претходната година.

„Embraer“ е третиот по големина производител на комерцијални авиони во светот, зад американскиот „Boeing“ и европскиот „Airbus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП