4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен канадскиот БДП

Зголемен канадскиот БДП

kanada2

Бруто домашниот производ (БДП) на Канда во август е зголемен за 0,4 проценти, благодарение пред се на експлоатацијата на гас и нафта, соопшти Националниот завод за статистика.

БДП на Канада во јули се зголеми за 0,6 проценти, по јунскиот пад од 0,5 проценти, пренесува агенцијата АФП.

Индустриското производство во август се зголеми за 0,4 проценти, поттикнато од зголемената експлоатација на нафта и гас.

Земјоделскиот сектор и дрвната индустрија, исто така забележаа раст.

Во секторот за јавни услуги приходите беа намалени, а градежништвото остана на нивото од јули.

Раст на БДП е забележан и во секторот за обезбедување на услуги за домување, во угостителството, како и во трговијата на мало и големо и во службите за обезбедување на транспортни услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП