6 октомври, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЧовештвото на Facebook губи 14 проценти од времето

Човештвото на Facebook губи 14 проценти од времето

Facebook

Најпопуларна дестинација на интернет е „Facebook“, каде луѓето трошат 14 проценти од своето време, додека втор според популарноста е „YouTube“ на кој поминуваат 6.2 проценти од времето.

До овие податоци дојде банката „Ситигруп“ која разјасни со што се занимаваат луѓето кога ја користат глобалната мрежа.

Пред пет години корисниците на интернет во светот трошеле на „Facebook“ вкупно 2.2 проценти од времето кое го поминувале „online“. Тогаш друштвената мрежа беше седма интернет страна според популарноста во светот.

„Facebook“ сега е скоро повеќе од двојно посетен од најблискиот конкурент „YouTube“. „Facebook“ е лидер според популарноста и меѓу корисниците на мобилните уреди. На оваа интернет страна или апликација, корисниците поминуваат 20 проценти од вкупното време на интернет.

За пет години десетина најпопуларни сајтови радикално се променија. Најпопуларни интернет страни стана социјалните мрежи и различните сервиси.

Ова првенствено се однесува на „Facebook“, „YouTube“ и „Google“. Уделот на „Google“ во 2008-та година беше 3.4 проценти, а сега е 5.4 проценти. Популарноста на „YouTube“ порасна од 3.1 проценет во 2008-та на 6.2 проценти колку што изнесува денес.

Меѓу десетте најпопулрани интернет страни влегоа и руските друштвени мрежи, „Mail.ru“ со не многу голем удел од 1.3 проценти, како и „VK.com“ со 1.1 процент. Руските интернет страни во 2008-та година не ни постоеа.

Исто така во изминатите пет години значително е намалена популарноста на „Yahoo“ од 9.1 процент колку што имаа во 2008-та, на сегашните 3.9 проценти. Пред пет години најпопуларна интернет страна беше на „Microsoft“ на која корисниците поминувале 12.6 проценти од своето „online“ време. Сега нејзиниот удел е намален на 2.4 проценти.

Во последните години популарноста на друштвената мрежа „Facebook“ продолжи да расте, како меѓу корисниците на компјутери, така и кај сопствениците на мобилни уреди. Истовремено меѓу сопствениците на смартфони се популарени се и „Instagram“ и „Amazon“, додека на „Twitter“ и „YouTube“ поминуваат се помалку време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП