29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да заштедите пари за „црни денови“

Како да заштедите пари за „црни денови“

savemoney1

За да си ја обезбедите иднината, да купите нешто вредно или финансиски да се обезбедите за „црните денови“ потребно е да штедите.

Но, за оваа одлука да ја спроведете во дело неопходно е да направите неколку важни чекори, кои ќе ви го олеснат спроведувањето на зацртаните цели.

Направете листа на приоритети

Покрај секоја ставка ставете дали таа е реална потреба или само желба. После тоа, фокусирајте се на потребите. Покрај секоја, ставете реален рок кога би можеле да ја остварите. Бидете реални, не потценувајте, но и не ги преценувајте целите. Оваа листа фотокопирајте ја во повеќе примероци и ставете ја на повеќе видни места.

Делувајте

Кога ќе дефинирате што сакате, преземете акција. Ако вашата реална потреба е летување, напишете ја вкупната сума која би ја издвоиле. Тој износ поделете го на месеци до датумот на кој сакате да патувате и секој месец издвојувајте ја потребната сума, така што на крајот ќе успеете да ги соберете сите пари.

Бидете упорни

И желбата за штедење во банка бара одреден план. Во случај да сте се одлучиле да штедите во банка, најдобро и можеби најлесно е да започнете да штедите од мали суми. Исто така, многу е важно да бидете упорни и да не се откажувате од вашиот план за штедење.

Проверете ги условите

Прво и основно е да се распрашате за условите и видот на штедењето. Вообичаена понуда се штедните влогови на еден месец, три месеци, шест, една година и др. Од видот на штедењето зависи и каматата. Оделни банки нудат посебни пакети за штедење, како што се детските пакети, тие нудат и исплата на каматата однапред и уште многу други поволности.

Безбедноста на прво место

Каматните стапки се разновидни, но тоа што би требало да ве води не е висината на каматната стапка, односно заработката, туку сигурноста и репутацијата на банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП