22 април, 2025
ПочетнаСВЕТСи Џинпинг му честиташе на Трамп: За стабилни, здрави и трајни билатерални...

Си Џинпинг му честиташе на Трамп: За стабилни, здрави и трајни билатерални односи меѓу Кина и САД

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска му честиташе на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и повика на стабилни, здрави и трајни билатерални односи, јавуваат кинеските државни медиуми.

„Историјата покажа дека Кина и САД имаат корист од соработката и губат од конфронтацијата“, рече Си, според CCTV.

„Стабилните, здрави и трајни односи меѓу Кина и САД се во согласност со заедничките интереси на двете земји и очекувањата на меѓународната заедница“, рече кинескиот претседател.

Си Џинпинг изрази надеж дека „двете страни ќе ги држат принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни“.

Новоизбраниот претседател на САД, републиканецот Доналд Трамп ја победи демократската кандидатка Камала Харис на изборите одржани во вторникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП