19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерикански бизнисмен ја бара наградата за главата на Бин Ладен

Американски бизнисмен ја бара наградата за главата на Бин Ладен

milit

Американски бизнисмен тврди дека тој ги информирал федералните власти за локацијата на скривалиште на Осама бин Ладен во Пакистан пред
неговото ликвидирање и ја бара наградата од 25 милиони долари, пренесува БТА.

Во писмо од адвокатска фирма во Чикаго, која го претставува Том Ли се тврди дека 63-годишниот трговец со бесценети камења доставил информации за скривалиштето на Бин
Ладен во Аботабад во 2003 година.

Во писмото испратено од „Леви енд Леви“ (Loevy & Loevy)до директорот на ФБИ Џејмс Коуми во август се тврди дека агент на пакистанското разузнавање му кажал на Ли дека го придружувал Бин Ладен и неговото семејство од Пешавар до Аботабад.

Според писмото потпишано од адвокат Мајкл Кановиц, Ли ги споделил информациите со агенти на царината и ФБИ . Ли ги информирал американските служби дека пакистанскиот
агент бил член на семејството со кое тој тргувал со децении и дека агентот и неговото семејство биле противници на Бин Ладен.

Осама бин Ладен беше убиен во мај 2011 година при акција на специјалните сили „Фоки“.

Според американските претставници, куќата во Аботабад била изградена дури во 2005 година, а пакистанските власти сметаат дека Бин Ладен во неа се населил во летото истата
година.

Според писмото, Ли направил бројни обиди да ја побара наградата, но не добил одговор. Во е-маил до весникот „Гранд Рапидс прес“ Ли вели дека не можел да разбере зошто
владата чекала толку долго пред да дејствува.

„Тоа ме вознемирува, и тоа треба да го вознемири секој Американец, бидејќи точно им кажав каде е Бин Ладен во 2003 година, а тие го оставија да живее уште осум години“, пишува бизнисменот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП