2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Европа е новата Јапонија?

Дали Европа е новата Јапонија?

A man walks through a street in Tokyo's Shinjuku district

Јапонија во последиве години се бори со предизвиците на дефлацијата, а веројатно сличен проблем полека настанува и во најголемиот економски блок во светот- Европската унија.

Иако дефлацијата можеби звучи добро од гледна точка на обичните потрошувачи, за развиените економии таа претставува потенцијална препрека за привлекување на нови инвестиции, зголемување на потрошувачката и понатамошен раст.

Од таа причина, минатата и дел од оваа година, јапонскиот премиер Абе беше во центарот на вниманието со „релаксацијата“ на силниот јен и предизвикувањето на таканаречената „монетарна војна“, бидејќи во обидот да ја раздвижи домашната економија, ја доведе во прашање сигурноста на останатите економии од регионот.

Од друга страна, последните статистички податоци во еврозоната покажуваат дека цените на мало во октомври пораснале за само 0,7 проценти, во однос на истиот месец во 2012 година, додека пак, годишната инфлација е само 0,8 проценти, па аналитичарите со право се прашуваат дали се заканува дефлација во блиска иднина и на евро-блокот.

Јапонското искуство покажа дека еднаш кога земјата ќе падне во дефлација тешко излегува од неа. Европската централна банка сеуште се однесува како дефлацијата да не е пред врата, па и понатаму ја заострува својата монетарна политика, па иако континуираната дефлација нема да доведе до нова криза, таа може да го забави економскиот раст на европските земји на долг период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП