13 декември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШест работи кои ги уништуваат нашите бубрези

Шест работи кои ги уништуваат нашите бубрези

Бубрезите обработуваат сè што јадеме или пиеме, вклучително и многу масти, сол и шеќер, што, како што е познато, е лошо за нашето здравје и со текот на времето доведува до висок крвен притисок, дебелина, дијабетес и други здравствени состојби кои ги оптеретуваат нашето бубрезите, прво акутно, но состојбата може да прерасне во хронична бубрежна болест (Хронична бубрежна инсуфициенција).

Тоа е состојба во која бубрезите ја губат способноста да ги отстранат отпадните материи од метаболизмот и вишокот течности. Акумулацијата на отпадни материи и течности може да предизвика оштетување на други органи и да го наруши функционирањето на целиот организам.

Секој десетти има хронична бубрежна болест. Претежно се работи за стадиуми 1-3 (од пет), но понекогаш болеста напредува до последната, петта фаза со целосна бубрежна инсуфициенција. Тогаш веќе ниту една терапевтска опција не помага, освен замена на бубрежната функција.

Затоа, исклучително е важно да се размислува за здравјето на бубрезите, а можеби не сте знаеле дека постојат некои, помалку очекувани, предизвикувачи за оштетување на бубрезите.

Газирани пијалоци

Ако пиете два или повеќе газирани пијалаци дневно, поголема е веројатноста да добиете бубрежна болест. Во една студија, бубрезите на жените кои пиеле газирани пијалаци работеле за 30 проценти помалку добро по 20 години во споредба со другите жени.

Лекови против болки

Доколку се земаат редовно, големи количини на лекови против болки на рецепт или нестероидни антиинфламаторни лекови може да ги оштетат бубрезите.

Прекумерна физичка активност

Предолгото вежбање може да предизвика рабдомиолиза, медицинска состојба во која оштетеното мускулно ткиво многу брзо се распаѓа и се препознава по болка во мускулите и многу темна урина. Супстанциите кои можат да ги оштетат бубрезите и да предизвикаат нивно откажување се ослободуваат во крвта, затоа не претерувајте и постепено зголемувајте го тренингот. Избегнувајте вежбање на висока топлина и влажност.

Билни додатоци во исхраната

Производителите на додатоци во исхраната не мора да докажуваат дека нивните производи се 100% безбедни, а некои може да ги оштетат бубрезите. Треба да бидете особено внимателни ако имате бубрежни заболувања бидејќи тие може да ја влошат состојбата или да влијаат на ефектот на лековите. Разговарајте со вашиот лекар пред да користите било каков додаток во исхраната од растително потекло.

Лекови за горушица

Лековите наречени инхибитори на протонска пумпа (PPIs), кои ја намалуваат стомачната киселина, може да предизвикаат оштетување на бубрезите доколку ги земате подолго време. Некои студии покажуваат дека тие исто така го зголемуваат ризикот од хронична бубрежна болест. Ако сте загрижени, прашајте го вашиот лекар дали може да ви даде друг лек за горушица.

Стрептококно воспалено грло

Со стрептококна инфекција, телото создава протеини (антитела) за борба против бактериите. Дополнителни антитела може да се таложат во деловите за филтрирање на бубрегот и да предизвикаат воспаление. Иако обично не трае долго, може да остави трајно оштетување на бубрезите кај некои луѓе. Ако се сомневате на стрептококно воспаление на грлото, задолжително контактирајте го вашиот лекар за да може да ви препише антибиотска терапија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП