Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка поради несреќата во Нови Сад, кога во уривањето на настрешницата на железничката станица загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.
Весиќ рече дека не ја прифаќа вината за несреќата што се случи, туку дека се повлекува како одговорен човек.
Весиќ рече дека на премиерот Милош Вучевиќ му понудил оставка истиот ден кога се случила несреќата, а својата намера му ја пренел на претседателот на Републиката.
„Не можам да ја прифатам вината за смртта на 14 лица бидејќи ниту јас ниту луѓето кои работат со мене не сносиме трошка одговорност за трагедијата што се случи“, истакна Весиќ и додаде дека како одговорен човек си поднел оставка од морални причини, бидејќи несреќата се случила во одделот што тој го води.