30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд каде ќе дојде една третина од светскиот БДП

Од каде ќе дојде една третина од светскиот БДП

svetot1

Една третина од светскиот бруто домашен производ (БДП) до 2025 година ќе дојде од земјите кои се најпогодени од климатските промени, вклучувајќи ги Кина и Индија.

Земјите кои се најмногу погодени од климатските непогоди, како бури, поплави или суши, тоа се 67 земји, ќе имаат удел од 31 процент во светскиот БДП до 2025 година, додека нивниот сегашен БДП во светската економија не преминува 21 процент, се наведува во извештајот.

Меѓу земјите со ектремен или висок ризик од климатски непогоди, според оваа студија, се наоѓаат и оние земји со развиена економија, како што се 20-то пласираната Индија, или Кина на 61. позиција.

На листата на земји со најголем ризик се Бангладеш, следат Гвинеа Бисао, Сиера Леоне, Хаити, Јужен Судан, Нигерија, Демократска Република Конго, Камбоџа, Филипини и Етиопија.

Во студијата се наведува дека денес 4,5 милијарди луѓе, или 64 проценти од светската популација, живеаат во земји со најзагрозени климатски промени, а се проценува дека до 2025 година тие ќе бидат 5 милијарди.

САД и Европа се наведуваат како области со мал ризик од елементарни непогоди предизвикани од глобалното затоплување, пред се поради финансиските средства со кои располагаат со цел прилагодување на очекуваното влијание на климатските промени.

„Многу од пазарите со растечки економии се наоѓаат во земјите кои се многу изложени на климатски промени. Се проценува дека до 2025 година Кина и Индија, кои се ставени меѓу 67-те земји најпогодени од глобалното затоплување, ќе имаат 23 проценти удел во вкупниот светски БДП“, се заклучува во извештајот.

Критериумите за изработка на листа на земји кои се најпогодени од климатските промени во наредните 30 години, вклучуваат ризици од елементарни непогоди, раст на нивото на морето и температурните промени, но и чувствителноста на популациите на овие промени кои влијаат на здравјето, земјоделството, инфраструктурата и образованието како и капацитетите на земјите за прилагодување на новонастанатите услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП