Кардиологот истакна некои клучни симптоми на кои треба да се внимава, што може да значи дека срцето не е во добра состојба.
Кардиологот често дава здравствени совети на својот профил на Тик Ток, каде што го следат речиси половина милион луѓе. Д-р Џереми Лондон бил кардиохирург во Савана, САД 25 години. Овој пат тој наведе неколку клучни симптоми на кои треба да обрнете внимание, што може да значи дека вашето срце не е во добра состојба, односно дека е слабо. Тој посочи дека треба да се внимава на следново:
Краток здив при одење
Недостатокот на здив при одење може да биде знак дека вашето срце е слабо. Важно е сериозно да го сфатите недостатокот на здив и да го контактирате вашиот лекар за совет. „Вообичаените срцеви состојби кои може да се лекуваат, како што се коронарна срцева болест (причина за срцев удар), срцева слабост и абнормален срцев ритам може да предизвикаат отежнато дишење“, вели докторот.
Дали дишете правилно додека лежите?
Друг начин да проверите колку е здраво вашето срце е да легнете рамно на грб и да видите дали можете да дишете нормално. Ако не можете, тоа може да биде знак за ортопнеја, т.е. имате отежнато дишење кога лежите и исчезнува кога ќе седнете или ќе станете. Ортопнеата е знак на вишок течност во белите дробови и обично е предизвикана од срцеви заболувања.
Отечени нозе
Отечените зглобови и нозе може да бидат симптоми на проблеми со срцето. Кога вашето срце е слабо и не работи добро, крвта тече назад во вените на нозете. Тоа всушност предизвикува акумулација на течност во ткивата и предизвикува оток на нозете и стомакот.
„Иако ова се знаци на различни срцеви заболувања, тие треба да бидат предупредувања за вас“, вели кардиологот во видеото.
@drjeremylondon Weak vs. Strong Heart #doctor #surgeon #hearthealth #heartsurgery #fypシ ♬ original sound – Dr. Jeremy London, MD