Експертите со анализа за критичките точки на економските реформи кои се истакнати во извештајот на Европската Комисија. Институтот за економски анализи Finance Think ги обелодени недостатоците и критиките кои од Брисел се однесуваат за македонската економија. Во извештајот на комисијата се наведуваат, фискалните ризици, мерките за стабилизација на инфлацијата, бавниот напредок и имплементација на реформите за управувањето со јавните финансии. Потоа, ниско ниво под глобалниот просек, недоволен напредок во сузбивање на неформална работа и делумно пријавени плати. Незадоволителна транспарентност и ефикасност и слаби компетенции на Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Според Finance Think, извештајот на Европската комисија дава реалистична слика за отсуството на напредок или за бавен напредок на повеќе критички реформски точки за македонската економија.
Експертите од Институтот се осврнуваат на неколку точки кои ги сметаат за критични во отстранувањето на структурните слабости на економијата.
Во извештајот се наведува дека постоењето на фискалните ризици, во контекст на бавната и недоволна фискална консолидација, надополнета со преземените условни обврски и вонбуџетските позиции, кои неизмирени обврски на државата создаваат голем буџетски товар, кој може да предизвика значајни негативни последици за проширување на фискалниот дефицит и јавниот долг.
„Неусогласеноста на фискалната со монетарната политика во време на нагласени инфлациски притисоци и ризици во минатата година, односно експанзивноста на фискалната политика преку зголемувањето на платите на јавната администрација (септември 2023) и ад-хок зголемувањето на пензиите (септември 2024). Извештајот јасно го нагласува присутниот инфлациски ризик од ваквите потези и од продолжената експанзивност на фискалната политика. Бавнот напредок во имплементацијата на програмата за реформа на управувањето со јавните финансии, вклучително и сè уште неусвоената програма за периодот 2024-2027“, стои во извештајот на Finance Think.
Спорно за Брисел е и недоволното залагање на властите во справувањето со сивата економија. Економистите од Институтот Finance Think велат дека од јануари 2024 го третираат прашањето на уделот на непријавените работници и нецелосно пријавените работници. Неформалниот сектор во земјата се појавува во различни форми, од кои најистакнати се нерегистрираната работна сила, делумно непријавените плати и други неправилности во спроведувањето на Законот за работни односи.
„Укажуваме дека без видливи резултати на полето на сивата економија, наметнување нови и повисоки даноци ќе биде само во полза на зголемување на сивата економија. Оттука, во линија со заложбите на новата влада, борбата со сивата економија треба да добие централно место во проширувањето на даночната основа и создавањето поголеми буџетски приходи“, се наведува во анализата.
Извештајот дава остра критика на управувањето со државната помош. Економистите велат дека акцентиот е ставен на транспарентноста и ефикасноста на државната помош кои сè уште се незадоволителни. За првпат во овој Извештај посебен нагласок е ставен врз недоволните компетенции на Комисијата за заштита на конкуренцијата што и Finance Think го нагласуваше повеќе пати во контекст на мерките за ограничување на цените и маржите наместо структурното зајакнување на Комисијата, која треба да се бори против здружувања на пазарот кои наметнуваат неконкурентски цени.
И.П