2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ Citigroup под лупата на инспекторите

И Citigroup под лупата на инспекторите

citigroup2

Американската банка „Citigroup“ е под истрага на американските и странските финансиски власти, поради сомневање дека учествувала во манипулирањето со девизните курсеви.

„Citigroup“ е најновата во низата банки кои во последните неколку денови се најдоа под истрага на финансиските власти во целиот свет, а меѓу оние за кои се води истрага се и банките „Barclays“, „Deutsche bank“, „UBS“ и „RBS“, пренесува агенцијата Франс прес.

„Владините агенции во САД и странските регулаторни власти спроведуваат истрага во врска со тргувањето со девизните курсеви, а „Citigroup“ прими повик да соработува во истрагата, како и да обезбеди дополнителни информации во врска со овој случај“, се наведува во соопштението од американската банка.

Од „Citigroup“ велат дека ќе соработуваат со испекторите со цел разрешување на сомнежите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП