11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНисан ја намали прогнозата

Нисан ја намали прогнозата

nisanananana

Јапонскиот производител на автомобили Нисан ја намали прогнозата за фискалната година која завршува на крајот на март 2014-та година, сметајќи за во иднина вкупен нето профит од 355 милијарди јени (2.67 милијарди евра), наместо досегашните 420 милијарди јени.

Намалувањето на прогнозата на резлутатите од работењето, јапонската компанија го образложува со намалувањето на продажбата во Кина и Југоисточна Азија, како и повлекувњето од пазарот на еден број возила во септември оваа година.

Во периодот од јули до септември, компанијата оствари профит во вредност од 107.8 милијарди јени во споредба со 106-те милијарди во истиот период од 2012-та година, додека пак аналитичарите очекуваа 90.4 милијарди јени.

Француската компанија Рено учествува во капиталот на Нисан со 43,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП