Американскиот Стејт департмент најави нов пакет санкции против поединци и компании осомничени за продажба на оружје на Русија, а меѓу нив има и компании од Србија и Црна Гора.
На новата листа, на која се најдоа дури 400 лица и компании, на списокот на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) во САД се додадени Ventrade од Србија и International Business Corporation(IBC) од Црна Гора.
Што се однесува до компанијата IBC, тоа е компанија со седиште во градот Бар, чиј сопственик е Сергеј Кокорев, државјанин на Русија и Црна Гора.
„Компанијата се занимаваше со трансфер на машински центри и топчести лежишта од европско потекло на крајните корисници во Русија, вклучително и руската производствена компанија AMS Tekhnika, која се занимава со трговија на големо со индустриски машини и опрема. Кокорев го користеше IBC за извоз на воена опрема од Црна Гора до Русија“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Во Србија особено е истакната компанијата „Ventrade“, која беше означена за извоз на воени радија за компанијата „Промсвјазрадио“ од Русија и која споделува адреса со друга руска компанија „ZAO Budaphone“.
Во овој случај е вмешан и Бенс Хорват од Унгарија, кој во август годинава беше ставен на санкционирана листа поради продажба на радија од САД на компании тесно поврзани со режимот на рускиот претседател Владимир Путин.
Покрај Србија и Црна Гора, вклучени се голем број компании и поединци, меѓу другите, од Кина, Хонг Конг, Индија, Бенин и Кипар.