27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКварталните резултати на AIG подобри од очекуваните

Кварталните резултати на AIG подобри од очекуваните

A security guard puts on a reflective vest while standing outside an American International Group (AIG) building in New York's financial district

Американскиот осигурителен гигант „AIG“ (American International Group) во третиот квартал оствари подобри резлутати од очекуваните, благодарејќи на силниот раст на активностите во секторот за осигурување на имотот и осигурувањето од штета.

Нето профитот во третото тромесечие е зголемен за 17 проценти или на 2.17 милијарди долари (1.60 милијарди евра), додека пак во истиот период од 2012-та тој изнесуваше 1.8 милијарди долари.

Оперативниот профит достигна износ од 1.4 милијарди долари, односно 96 центи по акција, што е за два центи повеќе во однос на просечното предвидување на експертите.

Меѓутоа, износот на нето премијата, опадна за еден процент или на 8.7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП