Долго чекавме „Netflix“ да добие функција што ја имаат многу апликации – и конечно дојде денот.
Досега не можеше да се прават слики од екранот додека се гледа „Netflix“, но тоа се промени. Според компанијата, корисниците ќе можат да креираат и споделуваат слики од екранот.
Новата функција се вика „Netflix Moments“ и е претставена на корисниците со оперативниот систем „iOS“ (т.е. корисниците на „iPhone“).
На корисниците им е овозможено да го паузираат филмот или серијата што ги гледаат, потоа да го зачуваат на својата сметка она што штотуку го гледале, а потоа да го споделат со пријателите преку социјалните мрежи, апликациите за пораки итн.
Корисниците ќе можат да видат се што е зачувано во делот „My Netflix“, а во следните неколку недели оваа функција ќе пристигне и на телефоните со „Android“.