20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНајмоќниот „Xiaomi“ чини 105.000 евра!

Најмоќниот „Xiaomi“ чини 105.000 евра!

Кинеската компанија „Xiaomi“, попозната по телефони и апарати за домаќинство, оваа година објави еден од најважните производи – автомобилот „Xiaomi SU7 Ultra“.

„Xiaomi SU7 Ultra“, како што беше речено на претставувањето во Кина, е направен да понуди врвно искуство во возењето, комбинирајќи високи перформанси и технологија, што го прави погоден за возење на улица и на патека.

Го има истиот систем со три мотори и батерија со голема моќност како прототипот на „Xiaomi SU7 Ultra“, достигнувајќи максимални 1.548 ks. Забрзувањето од 0-100 km/h трае само 1,98 секунди, а може да се пофали со максимална брзина од 350 km/h, што го прави најбрзиот сериски автомобил со четири врати во светот.

„Xiaomi SU7 Ultra“ е достапен за претходна нарачка по цена од 814.900 јуани (околу 105.500 евра или 114.200 долари).

Дизајнот на овој модел, замислен како ривал на „Porsche Taycan Turbo GT“, се фокусира на силни перформанси со луксузни карактеристики. Надградувајќи се на „Xiaomi SU7 Max“, „SU7 Ultra“ додава поголем аеродинамичен комплет (5.115 mm x 1.970 mm широк x 1.465 mm, со меѓуоскино растојание од 3.000 mm).

Погонската група се состои од три мотори – два V8 и еден V6. Моторот V8 достигнува максимална бројка од 27.200 вртежи во минута, што значи дека е главниот погонски мотор кој моментално е најмоќен и со најголеми вртежи.

Инаку „Xiaomi SU7 Ultra“ е новиот рекордер за електрични автомобили со четири врати на патеката Нирбургринг.

Претходно оваа година, „Porsche Taycan Turbo GT“ го постави рекордот на Нирбургринг (7:07 минути) за најбрз автомобил со четири врати.

Сега „Xiaomi“ објави дека го надмина тој резултат со новиот електричен автомобил „SU7 Ultra“. Возилото на „Xiaomi“ успеа да постигне спектакуларно време бидејќи патеката ја заврши за 6 минути и 46,874 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП