6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi Sport Quattro Concept во акција! (видео)

Audi Sport Quattro Concept во акција! (видео)

audi-sport-quattro-concept-large

Љубителите на Ауди и спортските автомобили веќе три децении залудно го чекаат наследникот на моделот „Quattro“. Годинешната утешна награда стигна во вид на концепт кој е наречен „Sport Quattro“ и кој беше прикажан на саемот во Франкфурт.

Иако станува збор за уште една дизајнерска студија, „Audi Sport Quattro Concept“ привлече големо внимание кај посетителите на авто-саемот, а многумина посакаа еден ден да ја видат и сериската верзија на овој автомобил. Дали ќе им се исполни желбата, ќе покаже времето, а одлуката за евентуален продукциски модел ќе ја донесе раководството на компанијата.

Во меѓувреме, Ауди во чест на првите 100.000 фанови на својата „Facebook“ страница сними видео во кое главната улога му беше доделена токму на концептот „Sport Quattro“:

Само за потсетување „Audi Sport Quattro Concept“ е опремен со хибриден погонски систем чие срце е 4.0 литарски „twin-turbo“ V8 TFSI мотор со 560 ks (412 kW) и 700 Nm. Бензинскиот агрегат е поврзан со електричен мотор кој во вкупната снага на системот допринесува со 150 ks (110 kW) и 400 Nm вртежен момент.

За преносот на снагата е употребен преработен осумбрзински „Tiptronic“ менувач.

Двата агрегати на концептот му нудат комбинирани 700 ks (515 kW) и 800 Nm, што е доволно автомобилот до „стотка“ да забрза за 3,7 секунди и да достигне максимални 305 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП