Европската комисија ги одобри реформските агенди за пет кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан, сите освен Босна, што е клучно за ослободување на парите наменети од Брисел за спроведување на реформите.
На почетокот на вториот мандат, Урсула фон дер Лајен ја започнува својата прва мисија со посета на Западен Балкан. Во средата беше во Тирана, денеска е во Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, а во петок ќе оди во Белград. Дали е ова знак дека, како што најави таа, земјите кандидати ќе бидат во фокусот на Европската унија?
Претседателката на Европската комисија не доаѓа со празни раце. На Западен Балкан му носи 6 милијарди евра од реформската агенда, од кои добар дел треба да и припаднат и на Македонија до 2027 година.
Денеска со почеток во 11:20 часот Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија на Европската Унија.