29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДоговор од милијарда фунти за Steria

Договор од милијарда фунти за Steria

steria_logo

Мултинационалната компанија „Groupe Steria SCA“ склучи договор со британската влада за сервисирање на администрацијата, вреден повеќе од милијарда фунти.

„Groupe Steria SCA“ е компанија со седиште во Франција и која е специјализирана за информатички инженеринг, а договорот кој го потпишаа е за период од 10 години.

Во рамките на широката програма за реформите во функционирањето на јавниот сектор, британската влада ја одбра француската компанија чија задача ќе биде трансформација на работењето на централната администрација и националните агенции.

Во прво време, „Steria“ ќе работи на унапредување на работењето на секторот за јавни набавки, финансии и човечки ресурси во Министерството за труд, Министерството за земјоделство, Агенцијата за заштита на средината (ЕА) и агенцијата „UK SBS“ која нуди услуги на истражувачките центри и невладините организации.

На подолг рок, партнерството опфаќа и услуги и за останатите министерства и национални агенции.

Компанијата „Groupe Steria SCA“ нуди услуги за информатички инженеринг во областа на јавните финансии, телекомуникации, комуналните активности и сообраќајот. За оваа компанија работат повеќе од 20.000 луѓе во 16 земји во целиот свет.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП