19 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕСе повеќе луѓе не ги мијат рацете по одење во тоалетот: Загрижувачки...

Се повеќе луѓе не ги мијат рацете по одење во тоалетот: Загрижувачки податоци од новото истражување

Навиката што ја учиме од раното детство, миењето раце, очигледно не е толку распространета како што очекуваме.

Експертите предупредуваат дека ваквото однесување може да доведе до ширење на бактерии, од кои некои можат да бидат и смртоносни, вели д-р. Кристин Карсон, виш истражувач на Универзитетот во Западна Австралија за The Conversation:

„Можеби нема да се разболите, но го зголемувате ширењето на бактериите. Ова може да го зголеми ризикот од инфекции и болести кај други луѓе, вклучувајќи ги и оние со ослабен имунолошки систем, како што се постарите лица и оние кои се подложени на третман за рак.

Истражувањето опфатило 1.229 луѓе постари од 18 години, а тема биле нивните навики за миење раце. Вкупно, 19 отсто од испитаниците признале дека не ги мијат рацете секогаш по користење на тоалетот.

Лидија Бухтман, главен извршен директор на Советот за безбедност на храна на Австралија, рече:

„Овогодинешното истражување на Omnipoll покажа дека 19 отсто од Австралијците не ги мијат рацете секогаш по користење на тоалетот (за разлика од 17 отсто минатата година), додека 42 отсто не ги мијат рацете пред да ракуваат со храна (исто така нагоре од минатогодишните 34 проценти). За време на пандемијата COVID-19, миењето раце е подобрено, но сега Австралијците повторно ги земаат лошите навики“.

Резултатите од истражувањето покажаа и разлики во навиките за миење раце помеѓу половите и возрасните групи. Мажите имаат помала веројатност да ги мијат рацете по користење на тоалетот (80 проценти од мажите во споредба со 83 проценти од жените) и пред да ракуваат со храна (55 проценти од мажите наспроти 62 проценти од жените).

Помладите генерации се покажаа значително полоши во одржувањето на хигиената на рацете во споредба со постарите. Само 69 ​​отсто од испитаниците под 34 години рекле дека секогаш ги мијат рацете по користење на тоалетот, наспроти 86 отсто од оние над 65 години.

Истражувањето на Советот за безбедност на храна во Австралија, исто така, откри дека речиси една петтина од луѓето не ги мијат рацете секогаш по користење на тоалетот.

„Урината и изметот содржат милиони микроби, а изметот има повеќе од 100 милијарди микроби на грам. Кога го користите тоалетот и ги допирате површините во бањата, ги пренесувате микробите. Луѓето кои прескокнуваат миење раце ги носат тие микроби со себе, оставајќи ги на површините што ги допираат подоцна“, истакна д-р Карсон.

Иако истражувањето не ги испита причините зошто луѓето не ги мијат рацете, д-р Карсон вели дека тие причини веројатно варираат во зависност од животните околности. Една студија од Индија, во која беа анкетирани ученици, покажа дека 91 процент од децата имаат ниско ниво на перцепција за ризикот од болести, што значи дека не мислеле дека ќе се разболат ако не ги мијат рацете по користење на тоалетот.

„Интересно е тоа што неможноста да се видат бактериите беше една од најголемите причини зошто не се грижат за тоа, што доведе до тоа 46 проценти од децата да не ги мијат рацете.

Врз основа на овие резултати, Советот за безбедност на храна во Австралија ги повикува луѓето да ги подобрат своите навики за миење раце. Нивниот совет е секогаш да ги миете и исушите рацете пред ракување, подготвување и јадење храна, по допирање сурово месо, риба, јајца, по користење на тоалетот, грижа за деца или други, менување пелени, по дување на носот, допирање домашни миленици или чистење кутии за отпадоци, и по градинарството.

За правилно миење на рацете, Советот ги препорачува следните чекори:

-Намокрете ги рацете и добро истријте ги со сапун најмалку 20 секунди, не заборавајќи да го измиете делот меѓу прстите и под ноктите. Можеби ќе ви треба и четка за нокти.
-Измијте ги рацете темелно под млаз вода за да ги отстраните бактериите.
-Исушете ги рацете со чиста крпа најмалку 20 секунди. Допирањето површини со влажни раце го поттикнува ширењето на микробите од површината на рацете.
-Доколку моментално немате вода, користете алкохолен гел за дезинфекција на рацете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП